Чоколадото е всушност доста хранливо и конзумирано во мали количина може да се покаже како одлично за вашето здравје. Тука правилото важи, што потемно, тоа подобро, па затоа се препорачува ако сте љубител на чоколадо тогаш да јадете чокалади кои во себе содржат помеѓу 70% и 80% какао. Квалитетното темно чоколадо е богато со растителни влакна, магнезиум, манган, железо и други минерали. Но како и секогаш, внимавајте да не претерате затоа што 100gr чоколадо во себе содржат околу 500 калории и доста голема количина на шеќер.
Одличен извор на антиоксиданти
Темното чоколадо е богато со биолошки активни органски соединенија кои имаат функција на антиоксиданти, како што се полифеноли, флаваноли и катехини. Какаото и темното чоколадо функционираат како антиоксиданти повеќе од било кое друго овоше!
Добро за луѓе со висок крвен притисок
Темното чоколадо го подобрува протокот на крвта и циркулацијата на телото, при што помага при намалување на крвниот притисок. Ефектите се обично доста слаби, а понекогаш дури и нема ефекти кај некои луѓе, така да конзумирајте внимателно.
Ја подобрува функцијата на мозокот
Темното чоколадо, поточно какаото има одлични својства кога станува збор за подобрување на меморијата и когнитивните функции кај постарите лица. Меѓутоа, бидејќи чоколадото пред да биде пуштено во продажба поминува низ силен процес на преработка како додавање јајца, шеќер и млеко, ова својство драстично се намалува.
Го подобрува расположението
Полифенолите од какаото имаат позитивен ефект врз расположението на луѓето, односно го подобрува нивното расположение правејќи ги посмирени и посреќни.
Се препорачува за трудници
Жените кои што во текот на бременоста патат од прерклампсија, која е доста сериозна и може да биде фатална за плодот, конзумирање на темно чоколадо може многу да им помогне. Теоброминот кој се наоѓа во темното чоколадо го стимулира срцето и помага да се спречи оваа состојба, па лекарите тврдат дека жените кои што конзумираат поголеми количини на темно чоколадо во текот на бременоста имаат 40% помалку шанси да ја разввијат оваа компликација.
Следетене на