Во овие зимски денови, циметот се конзумира многу почесто него вообичаено и е честа намирница кај вареното вино, чаевите и колачите. Но зошто нутриционистите препорачуваат да го користите циметот редовно во текот на целата година?
Го подобрува имунитетот
Овој егзотичен зачин со специфичен мирис кој веднаш се препознава е добар за вашето здравје, особено затоа што го подобрува имунитетот. Во топла вода растворете една кафена лажица мед со малку цимет. Овој пијалок пијте го секое утро за подобрување на имуниот систем.
Го регулира нивото на шеќер и холестерол
Циметот е одличен доколку се обидувате да го регулирате нивото на шеќер и холестерол во крвта. Луѓето со кои што конзумираат по 6 грама цимет дневно можат да го намалат холестеролот за 18% а шеќерот за дури неверојатни 24%.
Ја подобрува циркулацијата
Со само една шолја 1/4 кафена лажичка цимет може драстично да ви се подобри циркулацијата на крвта. Кажете им збогум на ладните стопала и раце благодарение на циметот.
Ги намалува менстуралните болки
Дали сте една од оние жени кои што има проблем со болна менструација? Со редовно конзумирање на овој зачин, менструалните болки драстично ќе се намалат.
Дава чувство на заситеност
Докажано е дека циметот помага при контролирање на желбата за јадење, па затоа голем број на нутриционистите препорачуваат конзумирање на печени јаболки со цимет. Ова дополнително ќе ви помогне во намалување на масните наслаги во пределот околу стомакот.
Следетене на